Wednesday, June 18, 2025
24.8 C
Skopje

КОСТОВСКИ: БЕЗ ПЛАН И БЕЗ РЕЗУЛТАТИ, ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ РАСПАЃА ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција, Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ

Почитувани граѓани,

Неполна година по формирањето на Владата, големата лагата наречена „Горда Македонија“ се распаѓа пред очите на граѓаните. Ова е логична последица на она што граѓаните го трпат и чуствуваат, целосна нефункционалност на пазарџиска Влада која работи само за лични интереси.
Вчера на површина излезе вистината која ја говориме од првиот ден. ВМРО-ДПМНЕ е без план и концепт, нивната Влада работи само за свои лични интереси. Таа од прв ден функционира како машинерија за пазарење – кој ќе добие директорско место, кој ќе добие тендер, кој ќе вработи повеќе свои. Ветувањата од кампањата буквално како да никогаш не биле дадени.
Излегувањето на Алијанса за Албанците е првото официјално признание на владините партнери дека оваа Влада не води никаде. Признание дека ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се коалиција од интерес. Таа е склопена од луѓе што не веруваат еден во друг, немаат заеднички планови и политики, туку само личен интерес.
Оваа Влада сама себе се јаде одвнатре, а граѓаните се тие кои трпат заради тоа.  А додека тие се занимаваат само со функции и политички интереси, граѓаните преживуваат. Животот поскапува секој месец. Платите не мрдаат. Институциите се нефункционални. Нема ниту еден вистински проект, ниту една сериозна реформа. Економијата стагнира, младите се иселуваат, а Владата се гоштева на сметка на народот.
Почитувани граѓани,
Секој што останува дел од оваа коалиција, свесно ја продолжува штетата. Останува за тендер. Останува за функција и одржување на Влада која докажа дека работи само за себе, не за граѓаните.

Македонија нема време за експерименти и лажна стабилност. Оваа Влада мора да си замине, затоа што не постои држава што може да се опорави додека на власт е група калкуланти и политиканти.

СДСМ ќе продолжи да ја разобличува оваа власт, но уште поважно – ќе продолжи да се подготвува да ја врати одговорноста, визијата и редот во државата. Затоа што Македонија заслужува вистинско раководство, а не пазарна коалиција од интерес.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ