Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

КОСТОВА: ЌЕ СЕ ДИСТАНЦИРА ЛИ ВМРО-ДПМНЕ ОД МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ?

Одговор на прашање, Кристина Костова – потпретседателка

Додека Македонија се уште е во голема тага и болка поради трагедијата којашто се случи во Кочани пропагандните мегафони на ДПМНЕ шират навреди, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи.

Дури и младите девојки и момци кои легитимно бараат правда и ресет на системот се навредувани со погрдни зборови и се жртви на таа препознатлива омраза на дпмевските мегафони.

Прашањето е дали ДПМНЕ се согласува со скандалозните навреди на Миленко Неделковски?

Дали ДПМНЕ ќе се дистанцира од Миленко Неделковски и неговиот говор на омраза?

Во Македонија говорот на омраза е кривично дело казниво со закон, дефинирано во повеќе закони, така што во овој момент надлежните институции наместо да спијат треба да делуваат веднаш. Впрочем, ваквите напади се дел од системот кој што треба да се промени. Затоа младите се на улица и затоа бараат промена којашто е непходна.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ