Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

КОСТОВА: ХАОТИЧНИ И НЕСЕРИОЗНИ ИЗЈАВИ НА ВЛАСТА ЗА ЦАРИНИТЕ ОД САД, ДОСТА БЕА ЕКСПЕРИМЕНТИ

Одговор на новинарско прашање, Кристина Костова – потпретседателка на СДСМ

Слушаме различни и хаотични изјави за ова важно прашање. Прво власта тврдеше дека царините се „очекувани“. Потоа се правдаше дека „немало да имаат ефект“ за вчера да слушнавме изјава од премиерот дека воведувањето на царините било грешка!? Ова не е само несериозност. Ова е крајна неодговорност со директни последици, врз економијата, врз државата.

Одлуката на САД за воведување на царини до 33% за Македонија – меѓу највисоките во Европа – е уште еден пораз за Владата и нејзината надворешна политика. Спектакуларните изјави дека „сме влегле во периметарот“ и „оптиката“ на новата американска администрација потонаа целосно.

Она што загрижува најмногу е фактот дека Владата нема никаков план, нема проценка, нема насока. Не знаат што прават, каде тераат.

СДСМ смета дека владата мора веднаш да седне на маса со претставници од американската администрација и да започне сериозни преговори. Секое друго сценарио, секоја избрзана мерка – може дополнително да ги влоши состојбите.

Доста се владини експерименти со економијата, потребна е сериозност и одговорност.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛИПЧЕ: МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ