Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

КОСТОВА: ВЛАДАТА ТРОШИ 400.000 ЕВРА ЗА АНКЕТИ ЗА МЕРЕЊЕ РЕЈТИНГОТ НА МИЦКОСКИ, ДОДЕКА СОБИРА ДОНАЦИИ ЗА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ

Прес конференција на СДСМ, Кристина Костова – потпретседателка

Почитувани граѓани,

Во време кога цела држава жали за загубата на 59 животи во Кочани, кога се собираат донации од граѓаните и фирмите за да им се помогне на семејствата на жртвите, Владата на Мицкоски и ДПМНЕ склучува договор вреден 400.000 евра за анкети.

Во време на тага и болка на народот, за власта биле најважни анкетите.

Toa што нема опрема за пожарникари, што нема доволно екипи не е приоритет, рејтинот на Мицкоски е приоритет.

Тендерот за испитување на јавното мислење кој тежи 400.000 евра го добива нивната омилена агенција Маркет Вижн.

Агенција која редовно спроведува анкети со кои убедува дека Мицкокси е најдобар политичар.

Граѓаните донираат, а Владата троши пари на себепромоција.

Додека работниците, лекарите и наставниците добиваат пониски плати од ветеното, додека пензионерите едвај врзуваат крај со крај, додека младите бегаат од државата – Владата има пари само за мерење популарност и политичка пропаганда.

Ова е бесчувствителност во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се во колективна тага за трагедијата. Ова е доказ дека за оваа Влада, приоритет не се луѓето, туку рејтингот.

Истата таа Влада вели дека нема пари за зголемување на плати, повисока финансиска поддршка за студентите, пари за субвенции на цените на струја и храна.

Власта нема пари за стипендија за младиот херој Јован, таа е обезбедена од приватници, ама има 400 илјади евра за анкети. Пари нема за ништо освен за рејтингот на Мицкоски.

Оваа набавка од 400.000 евра само потврдува дека се што ДПМНЕ објавува како наводен рејтинг е лажна слика, платена од граѓаните.

Целта е една – да се замајува јавноста.  Да се манипулира народот, со добро познатите режимски методи за создавање лажна, извитоперена слика за реалноста.

Ова е пример за погрешниот систем којшто мора да се промени.

ОВАА НЕДЕЛА

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОГО НА СОБРАНИЕТО

Објавен е  Јавен конкурс за изработка на заштитен знак...

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ: 2252 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ ВО ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД, 1018 ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ

Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните...

МАНАСИЕВСКИ: ВЛАДАТА НА СДС ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВИ БЛОКАДИ КОН ЕУ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА, СЕГА СЕ ДЕМАНТИРАНИ И ОД ЕУ

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Димитар...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ