Коста Петров на трибина во Гостивар: Фактите ги потврдуваат успесите на СДСМ, растат платите и пензиите, се градат и реновираат патишта

0
497

Денеска во Гостивар ќе зборуваме за факти. Факт е дека стануваме 30 земја членка на НАТО, што е најголемото достигнување досега на земјата, да бидеме еднакви, рамноправни со најмоќните земји во светот, порача Коста Петров потпретседател на СДСМ на денешната граѓанска трибина во Гостивар.

Тој посочи дека факт е дека направиме се за влез во ЕУ ,но и дека испорачавме реултати и ќе продожиме да испорачуваме резултати.

Факт е и дека за само две и пол години, се изградија и реновираа над 500 километри патишта што е околу 200 километри годишно, додека во време на ВМРО-ДПМНЕ годишно тоа беше по 60 километри.

Факт е и го стабилизиравме пензискиот фонд, пензиите растат од 700 до 900 денари, а беше оставен со огромна дупка.  Факт е и дека минималната плата од 9.000 денари порасна за 5,500 денари односно денес имаме 14.500 , а просечна плата повисока за околу 2.300 денари, порача Петров.

Како други факти со кои се потврдува заложбата на оваа Влада се и  укинавње на радиодифузната такса , намалување на сметките за парното, воведување на социјални пензии и инвестиции во земјоделството, заклучи потпретседателот Петров.