КОСТАДИНОВ : СЕ РЕШИ ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ ВО НАСЕЛБАТА СОФИЛАР ВО СТРУМИЦА, ИЗВЕДЕНИ ДВЕ СЕРВИСНИ УЛИЦИ, ТРОТОАРИ НА ДВЕТЕ СТРАНИ, АТРМОСФЕРСКА И ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА СО ТРИ КОЛЕКТОРИ, СО ГРАНТ НА СВЕТСКА БАНКА 26 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЈА ПОДОБРИВМЕ ИНФРАСТРУКТУРАТА

0
150

Нека ни е честит уште еден проект. И тоа не било каков и било каде, туку во населбата Софилар.

Искрено, сум многу горд што денеска со моите соработници и учесници во проектот присуствувавме на неговото завршување.

Со грант од Светска банка инвестиравме 26 милиони денари во подобрување на инфраструктурата.

Изведени се две сервисни улици со тротоари од двете страни, атмосферска канализација и фекална канализација за три колектори.

Со ова го зголемивме опфатот на инфраструктурното уредување во населбата и обезбедивме поквалитетен живот за граѓаните во населбата.

Од срце за жителите на Софилар и најдобрата верзија на Струмица.❤️

✅Создаваме достојни услови за живот за сите граѓани во селата и градот.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.