КОСТАДИНОВ : СДСМ Е СО ГРАЃАНИТЕ, ВМРО-ДПМНЕ НА БРАНИКОТ НА КРИМИНАЛОТ, НЕМА БОЈА ШТО МОЖЕ ДА ГИ ПОКРИЕ НИВНИТЕ БЛОКАДИ

0
193

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник 

Почитувани,
 
Разликата меѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се потврдува и продлабочува.
Додека СДСМ постојано е на терен меѓу граѓаните, на маалски и урбани средби, на граѓански трибини, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана, во темните подруми на лажните вести.
СДСМ ја создава најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина, заедно е со граѓаните, го слуша нивниот глас, ги следи нивните потреби и ги претвора во конкретни решенија.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во континуитет остануваат единствени на браникот на криминалот.
Дури и нивниот блеф за наводен нов концепт, наводни нови политики, испари за само неколку дена.
Знаат граѓаните дека тоа не е искрено, дека не е чесно од страна на Мицкоски и затоа не му даваат доверба.
Бадијала ВМРО-ДПМНЕ се премачкува со разни бои, бадијала краде слогани од СДСМ.
Не постои боја што може да го префарба и да го покрие криминалот и корупцијата што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше 11 години.
Ниту една боја, ниту еден украден слоган не може да го сокрие антидржавното однесување и штетите што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги нанесуваат на државните и националните интереси.
 Со ниту една боја не можат да се покријат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, блокадите на изградбата на нов Клинички центар, блокадите на Законот за наставници, но и претходните блокади на законите за антикризните мерки.
Не е можен нов концепт со стари, режимски луѓе, тоа е обичен блеф, осуден на пропаст.
Граѓаните тоа го знаат, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се таму каде што се, во длабока опозиција каде долго и ќе останат.
Затоа СДСМ е фаворит на следните избори, затоа што граѓаните знаат дека само СДСМ може да го донесе најдоброто за нивната општина, најдоброто за државата.