Костадинов : СДСМ го поддржува предлогот да се укине финансирањето на партиите, средствата да одат за заштита

0
134

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

П1: Дали ќе ја поддржите Уредбата на министерката Рената Дескоска на партиите да им се укине годишното финансирање што треба да се исплати оваа година.

Секако дека СДСМ како одговорна партија во овие сериозни времиња и предизвици за сите нас како граѓани. Го поддржуваме предлогот на министерката за правда Рената Дескоска затоа што сметаме дека тоа чин на солидарност и таква солидарност на дело треба да покажеме сите политички чинители во нашата држава.

Со предлогот наместо парите да се трошат и да завршуваат кај партиите, треба да завршат кај државата за граѓаните да не изгубат ниту едно работно место и секако тие средства да се искористат за здравствена заштита на граѓаните и ние сме оптимисти дека таквиот предлог ќе наиде на поддршка од сите.