Реакција на Митко Костадинов
Како поранешен член на Сенатот на УКИМ, го повикувам професорот Јанкуловски, еминентен и меѓународно признат хирург и стручњак во медицината, добро да размисли дали поради дневно политичките желби, игри и притисоци од власта вреди да се бламира и да си го жртвува своето реноме, интегритет и образ и да седне во фотељата на прв човек на најважната Високо образовна институција во државата.
Дамокловиот меч на незаконитост и нелегитимност на ректорскиот избор- нареден од владејачката фамилија, која десет години ја узурпира и ја држи во заложништво и партијата ВМРО ДПМНЕ и државата, ќе виси над професорот Јанкуловски и ќе го предупредува дека заради фотеља, која во една нормална, цивилизизирана и законска процедура со својот квалитет може да ја „освои“ кога сака, си ја продал душата на ѓаволот, пардон фамилијата.
Ги повикувам надлежните институции, политичките фактори и јавноста внимателно да ги погледнат сите факти и да бидат подготвени за лична одговорност, со која ќе мора да ги соочи било која идна власт избрана на фер и демократски избори. Власт која мора да ја врати правната држава во Македонија и да направи ревизизија на изборот на новиот ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, професорот Никола Јанкуловски.