Душата ми трепери кога го гледам Тетово сплотено, сите заедно Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, и други во една цел, да го продолжиме правиот пат. Сме сработиле многу. Затоа, на 12 ти април да им покажеме што сме сработиле, дека не ги бива и дека сме многу подобри од нив.
Ова го истакна членот на ИО на СДСМ Костадин Костадинов, вечерва на трибината „На прав пат“ во Тетово, додавајќи дека на 12 април ќе донесеме победа голема како Шар планина.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски тврдат дека се патриоти, а на 27 април влегоа во собранието со намера да убијат, рече Костадинов, додавајќи дека се лицемерни.
Бараат пари за опашката на бикот, а само за опашки потрошиле 1 милион евра, истакна Костадинов. Тој додаде дека за 2021 сите ние треба да вратиме 980 милиони евра, за спомениците, барокни фасади, жални врби, сега сакале или не мора да ги враќаме и ги враќаме.
Тетово е парадигма на концептот за едно општество за сите, истакна Костадинов, додавајќи дека за тој едноставен концептот ни требаа цели 11 години да им докажеме на ВМРО – ДПМНЕ дека нема ништо лошо Македонец и Албанец да седат заедно.Најважно од се е дека успеавме а ја стабилизираме економијата. Од минус 1.8% економијата има раст од 4,1%, рече Костадинов.Минималната плата ја покачивме на 14.500 денари, планираме да достигне 16.000 денари а просечната 30.000 денари. Пак ќе излеземе пред граѓаните и ќе им погледнеме во очи, бидејќи сме на прав пат, заклучи Костадин Костадинов, вечерва на трибината „На прав пат“ во Тетово.