НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ МУРТИНО ДА БИДЕ ЗАБОРАВЕНО!
Почитувани граѓани,
Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во Муртино. Како Општина веднаш формиравме Комисија за проценка и ги повикуваме сите засегнати жители и земјоделци од понеделник да ги пријават штетите во општинската зграда.
Но сега топката е кај Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно и гласно порачувам: не смеете да ги заборавите овие луѓе. Муртино не е политичка категорија – тоа се чесни луѓе кои живеат од својата земја. Бараме 100% обесштетување. Сѐ помалку од тоа ќе биде навреда и омаловажување за секој што изгубил плод, имот, или покрив над главата.
Нема правда без фер обесштетување!
Како градоначалник нема да молчам – ќе бидам гласен за Муртино, затоа што тие заслужуваат поддршка, а не игнорирање.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.