КОСТАДИНОВ: МОИТЕ ЦЕЛИ ЗА СТРУМИЦА СЕ ЈАСНИ – СИЛНА ЕКОНОМИЈА, СИЛНА СОЦИЈАЛА, СПОРТСКИ И КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

0
731

Управувањето со општинска единица и со еден град бара активна и посветена работа, подготвеност за слушање на потребите и барањата на граѓаните и реално носење со сите професионални предизвици кои се појавуваат во текот на работата.

Мојата визија за Струмица е јасна – Општина препознатлива по силни економски параметри;
Општина – пример за планирање и реализација на европски проекти;

Општина во која социјалната инклузија е нормално секојдневие и во која младите ќе гледаат потенцијал и иднина;
Град кој и понатаму ќе биде препознатлив по спортски и културни случувања;

Струмица – Центар на Балканот кој ќе значи иницијатор на Регионални иницијативи за зближување и заеднички живот, во сите сфери.
Мисијата и целта ми се јасни – одиме напред, со решенија за одржување и унапредување на сето тоа што досега е направено и преку развој или подигнување на нови проекти. Максимална транспарентност и отчетност, со точно и навремено делување и работа во сите сегменти кои се од суштинско значење за Струмица, кои ќе бидат третирани во секојдневието и за потребите на сите полови и старосни категории граѓанки и граѓани кои живеат на територијата на нашата Општина.

Свесен сум дека од мене, како иден Градоначалник се очекува Градот и Општината да одат напред.
А јас, како Струмичанец, знам како,
Мојот пат е јасен – од срце, за Струмица! ❤️

#НајдобротоЗаНашатаОпштина
#одсрцезаструмица

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов.