КОСТАДИНОВ : ЛЕВИЦА И ВМРО-ДПМНЕ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРААТ СЕ ШТО Е ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ

0
287
Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Прашање: Левица вчера најави дека поради законот за државјанство што го предлага владата со европско знаменце ќе ги блокира сите закони што ќе ги предложи парламентарното мнозинство и владата. Вие како мнозинство имате и најголема одговорност да биде Собранието во функција, што ќе преземете?
Одговор: Не е само законот за државјанство којшто опозицијата  овде мислам и на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да блокираат или во одредени ситуации брутално ги блокираат законските решенија. Станува збор за политичка партија која што има свои претставници, двајца во рамки на Парламентот, кои што ако добро направиме анализа ќе видиме дека ги нема на работа во најголем дел од времето. Во рамки на Комисиите каде што практично се креираат законските решенија,кога мислам на решенија мислам токму на тоа, го имаат целосното демократско, деловничко право како пратеници да подобруваат одредени текстови на Законот. Наместо тоа двајцата пратеници решиле да блокираат. Тие заедно со ВМРО-ДПМНЕ блокираат се, тоа ми приличи на политичари од некои поранешни векови, не на модерни политичари. Тоа е слика и пример како не треба модерниот македонски политичар да изгледа. Модерни политичари нудат решение, поддржуваат закони кои што решаваат проблеми, кои што го унапредуваат и го подобруваат животот на сите граѓани.