Денес имав посебна чест да присуствувам заедно со верниот христијански народ од Струмица на Литургијата на Светиот Апостол Јаков, брат Господов што во чест на неговиот празник ја служеше Неговото Преосвештенство, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков во манастирот на Св. Леонтиј Струмички и Покров на Пресвета Богородица во Водоча.
Со посебна радост денес, на именденот на нашиот владика, ја проследив оваа благодатна богослужба којашто во првите векови на христијанството ја напишал самиот Апостол Јаков, брат Господов!
Нека Светиот апостол Јаков, брат Господов, го чува и штити Епископот г. Јаков и верниот народ во Епархијата.