Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рака, оти вие сте, и треба да останете образот на нашето општество. А за сите ваши заложби вистинската валоризација за вложениот труд нема да изостане.
Поаѓајќи од тоа, одлучив од оваа година, на секое одбележување на Денот на Сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј, да бидат доделени награди за најдобрите наставници и стручни соработници во училиштата, како и за воспитувач и негувател во градинката, за исклучителни резултати во работата и афирмацијата на училиштето или градинката.
♦️Ви го честитам 24 Мај – Денот на Сесловенските просветители и ви посакувам многу успеси во вашата благородна работа.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.