Вистината на виделина!
Водата во Струмица со анализа направена од акредитирана лабораторија е питка!
Кој и зошто се обидува повторно да наметне политичка тема, не ми е воопшто јасно ниту мене, а ниту на било кој граѓанин на Струмица.
Повикувам на разум кај институциите посебно кај министерот Трипуновски, не сме мали деца, туку чинители општествени, претставници на институции и имаме обврска пред граѓаните да ги застапуваме нивните интереси.
Очекувам дека институтот за јавно здравје јавно ќе соопшти зошто денес објавува анализи земени од пред 12 денови и доколку објавува стари податоци нека соопшти на граѓанството, која категорија е водата од брана Турија?
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.