Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

КОСТАДИНОВСКИ : ЈЕГУНОВЦЕ СТАНУВА ОПШТИНА СО МОДЕРНА ПАТНА И КОМУНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА

Прес-конференција на Димитар Костадиновски, градоначалник на Општина Јегуновце

Почитувани,

 Пред три години ветив дека Општина Јегуновце ќе ја направиме да биде безбедна, чиста и убава атрактивна општина, које ќе биде во служба на своите граѓани.

Општина со модерна патна  инфраструктура.

Со квалитетно образовни и социјални услуги.

Изминативе 3 години работевме напорно и успеавме да реализираме голем дел од зацртаните проекти произлезени од граѓаните и од програмата која ја ветив на локалните избори,  со единствена цел за подобар живот и услови на жителите од општина Јегуновце.

Реализиравме голем број на проекти, би ги наброил:

– регулација на коритото на река Вардар од населено место Туденце до населено место Јегуновце во должина од 8,5 км

– Поставување на енерго ефикасни смарт светилики на трасата долж регионалниот пат Сиричино-Жилче и Сиричино – Шемшово Јегуновце

– Асфалтирани се патишта во населените места Сиричино и регионалниот пат  Копанце-Туденце

–  Реконструирани се комплетно локалните патишта во  Јегуновце со поставување  на атмосферска канализација

– Извршена е  реконструкција комплетна на соблекувалната од фудбалското игралиште во населено место Јегуновце

– Опремен е нов објект за детска градинка во населеното место Вратница кој се надевам дека во блиска иднина ќе биде ставен во функција и во интерес на граѓаните во тој дел на општина Јегуновце

– Поплочени  се локални улици  во неколку  населени места на територија на општина Јегуновце

– Коплетна реконструкција на надворешниот и на  внатрешниот дел на ОУ во населените места : Туденце, Раотинце и Старо Село

– Изградени се  детски паркови во населените места Туденце, Сиричино, Подбреѓе, Јажинце, Шемшово и Прељубиште

– Поставени се детски реквизити во населените места Рогачево, Старо Село, Сиричино и Јанчиште

– Изграден е  кеј во населено место Беловиште и изграден е кеј на реката Вардар во населено место  Туденце

– Изградено е  повеќенаменско спортско игралиште во ОУ во населено место Туденце

– Изградена е спортска трибина на спортското игралиште кое се наоѓа во населено место Јанчиште

– Изградена е и  осветлена пешачката патека во населено место Раотинце

– И во завршна фаза е изградбата на фекалната  канализација во населено место  Ратае и  Јанчиште , а додека  кракот во населено место Сиричино е комплетно завршен

– Отворени се подрачни канцеларии на МВР, Македонски шуми, Министерство за земјоделие и водостопанство, Министерството за дигитализација кое е  отворена  е услуги

Се надевам дека наредната 2025 година општина Јегуновце и јас лично ќе работиме уште помакотрпно, за да ја направиме општина Јегуновце подобра и поуспешна општина која ја заслужуваат граѓаните во општина Јегуновце.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ