„Ние никогаш не сме бегале од она што сме го договориле со нашите коалициони партнери.Токму затоа сум сигурна дека мојата партија како предводник на владината коалиција ќе го испочитува овој договор со ДУИ,“ посочи Костадиновска-Стојчевска.Министерката истакна дека можеби посакувано сценарио на ВМРО-ДПМНЕ е да има криза како што имаше изминативе две години, дека секогаш кога нешто не им се допаѓа тие сакаат избори, но се надева дека еднаш ќе ги стават своите политички на страна и ќе размислуваат за доброто на граѓаните.
„Таквиот состав на Влада како што беше воспоставен 2015 година беше да се излезе од политичката криза, заради нивниот начин како тие ги организираа изборите толку долго време. Досега не покажале одговорно однесување кое ќе им покаже на нивното гласачко тело како пример дека се одговорна партија која не шири паника, не шири лажни вести, дезинформации на дневно ниво и која што стои зад своите ставови,“посочи Костадиновска –Стојчевска.Во однос на предлог за премиер и кога ќе се одржат изборите министерката посочи дека секоја партија одлуките ги носи во своите политички структури и дека кога ќе има датум за избори, ќе има и предлог премиер.