Thursday, April 17, 2025
21.8 C
Skopje

КОСТАДИНОВСКА ДО МЕЏИТИ: КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ЕКОЛОШКАТА КАТАСТРОФА НА КРИВА РЕКА?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, а се однесуваше на еколошката катастрофа што се случи во Крива Паланка со излевањето на опасни материи – тешки метали, отрови и цијанид од рудникот Тораница во Крива Река.

Во продолжение интегрален текст од прашањето:

Состојбата со животната средина е алармантна, а неодамнешната еколошката катастрофа што се случи во Крива Паланка е јасен показател за системските пропусти, институционална негрижа и криминалните врски меѓу власта и бизнис интересите.

Излевањето на опасни материи, тешки метали, отрови и цијанид од рудникот Тораница во Крива Река е директен напад врз здравјето на граѓаните и животната средина. Водите од оваа река продолжуваа по текот на Пчиња и Вардар загрозувајќи илјадници луѓе, додека се молчи и се покрива овој скандал.

Додека независните анализи покажуваат алармантни концентрации на токсични материи надлежните државни институции реагираат со видна незаинтересираност.

Наместо итна реакција, јавноста доби срамно соопштение дека „се излеала само вода“, но таа вода е отровен коктел од метали, арсен и цијанид-директна закана за човечките животи.

Во секоја демократска и одговорна држава за ваков скандал ќе имавме оставки и кривична одговорност. Но, во нашиот случај, институциите кои треба да ја заштитат животната средина и здравјето на граѓаните се претворија во заштитници на корпоративни интереси.

Која е причината за молкот на инспекторатот? Дали намерно се штитат бизнис интереси?

Дури и кога локалната самоуправа одлучи храбро да ја сподели вистината беше нападната од претставници на владејачката партија. Ако не беше нивната одлучност, граѓаните ќе продолжеа да ја користат оваа токсична вода, а институциите ќе продолжеа да молчат во заштита на еколошкиот криминал. Затоа, почитуван вицепремиер Меџити, моето прашање до вас е следно: Дали чувствувате барем малку одговорност што, додека вашите институции тврдеа дека „се излеала само вода“, во Крива Река течеа цијанид, тешки метали и отрови опасни по животот и конечно дали ќе побарате одговорност од оние кои ја дозволија оваа еколошка катастрофа?

Или и понатаму ќе сведочиме на неказнивост и заштита на бизнис интересите на власта, по цена на човечки животи.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ