КОСОВСКО МНР : ПРЕД ДА ПОБЕГНЕ, НА РАМАДАНИ ВО СКОПЈЕ МУ БЕШЕ СМЕНЕТА МЕРКАТА ОД КУЌЕН ВО ЕФЕКТИВЕН ПРИТВОР

0
114

Од косовското МНР за порталот „Газета експрес“ изјавија дека информацијата за промената на безбедносната мерка за Рамадани ја дал неговиот адвокат. Оттаму додаваат оти немаат други официјални информации од македонските власти.

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека од косовската амбасадата во С Македонија е информирано оти властите во земјава ја смениле безбедносната мерка на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани од „куќен притвор“ во „притвор“ пред да избега од домашниот притвор кој го издржувал во куќата на свои роднини во Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од косовското МНР за порталот „Газета експрес“ изјавија дека информацијата за промената на безбедносната мерка за Рамадани, кој беше уапсен врз основа на меѓународна потерница, ја дал неговиот адвокат.

„Амбасадата на Република Косово во Северна Македонија е известена од адвокатот на г. Рамадани дека безбедносната мерка му била преиначена од куќен притвор во притвор, во времето кога ја чекаше одлуката на Врховниот суд“, велат од косовското МНР.

Оттаму додаваат оти немаат други официјални информации од македонските власти.

„Потсетуваме дека, според нашите информации, Основниот кривичен суд Скопје на 8 август одлучи да не го екстрадира Блерим Рамадани во Србија. Во наредните денови ја чекаше конечната пресуда на Врховниот суд“, се додава на соопштението на МНР на Косово.