КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН СЕ СОБЛЕКОЛ ГОЛ ДО ПОЈАС И ВИКАЛ ,,УЧК” НА ЛЕТОТ ОД БРИСЕЛ ЗА СКОПЈЕ

0
470

Косовски државјанин се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно се однесувал кон патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје, пренесува СДК.мк.

„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, изјавиле од Министерството за внатрешни работи за порталот. Мажот бил веднаш приведен по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот.