КОСОВСКИТЕ МЕДИУМИ ОБЈАВИЈА СНИМКА НА КОЈА СЕ ГЛЕДА КАКО ОБВИНЕТИОТ ЗА ТЕРОРИЗАМ, МИЛАН РАДОЈЧИЌ КРВНИЧКИ ПРЕТЕПУВА КОСОВСКИ СРБИН

0
316

Милан Радојчиќ, кој до неодамна беше претседател на Српската листа ја презеде одговорноста за нападите на Косово, кои се случија во неделата.

Ова го соопшти неговиот адвокат Горан Петронијевиќ. Косовските власти уште во неделата изјавија дека зад вооружената група која изврши  напад во селото Бањска во кој загина косовски полицаец, а потоа беа убиени четворица Срби, стои Радојчиќ.

-Ја известувам јавноста дека заедно со моите сонародници од северот на Косово и Метохија, дојдов на северот на Косово и Метохија, до село Бањска, на 24 септември.

Имено во меѓувреме косовските медиуми објавија видео снимка од безбедносните камери како Радојчиќ претепува косовски Србин.