КОСОВСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ПУКАШЕ ВО ДВЕ СРПСКИ МОМЧИЊА ИМАЛ ТРАУМИ ОД ДЕТСТВОТО, ТАТКО МУ БИЛ УБИЕН ВО ЗАТВОР ОД СТРАНА НА СРБИТЕ ВО ВОЈНАТА 1999-ТА

0
2160

Таткото на Азем Куртај, косовскиот војник кој денеска е уапсен затоа што рани две српски момчиња во Косово, бил борец на УЧК за време на војната во 1999-та во Косово, бил ликвидиран во масовен масакар над затвореници од страна на српската војска и полиција за време на бомбардирањето на НАТО кога Србите сакале да се одмаздат над Косоварите за бомбардирањето. Азем тогаш имал само 10 години и останал без својот татко. Тоа веројатно му се врежало во психата како причина за омраза кон Србите што довело до тоа да пука во деца иако како полицаец и војник треба да ги штити иако се Срби затоа што се државјани на Косово и имаат право да бидат заштитени а не да бидат мета. Војните секогаш генерираат вакви омрази и гнев на едни кон други и се за жал последица од поранешни неправди и злочини на едни над други…

Затоа е важно да политичарите се извинат во името на држави и народи и да се промовира простување и помирување на едни кон други за да се избегнат и превенираат вакви одмазди и вакви напади од омраза. Политичарите некогаш наместо да промовираат извинување и простување меѓу народите и државите за поранешните конфликти, ги користат ваквите емоции во свои цели, јавна тајна е дека голем дел од оние кои тепаа и убиваа на 27-ми април 2017-та во собранието на Северна Македонија се деца на убиени војници и цивили од конфликтот од 2001-ва па наседнаа на лагите за тирански платформи и слично па влегоа да го масакрираат Зијадин Села и сакаа да го убијат и Али Ахмети за кој се шпекулираше дека дента ќе биде во собранието но во последен момент тој реши да не дојде за да се избегне поголем инцидент, ако случајно некој го убиеше или тешко ранеше на тој ден, повеќе од сигурно е дека ќе имаше реприза на војната од 2001-ва затоа што Ахмети има големо симболично значење како поранешен лидер на УЧК, тоа ќе предизвикаше општ хаос во земјата.