КОРОНАТА ПРЕДИЗВИКА НАЈЦРН ДЕН ДЕНЕСКА – ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И ДУРИ 44 НОВИ ЗАБОЛЕНИ!

0
836
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.
Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.
Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
•    Скопје- 175
•    Дебар – 47
•    Куманово – 47
•    Штип- 14
•    Тетово – 10
•    Прилеп – 10
•    Струга – 7
•    Велес – 6
•    Битола – 4
•    Охрид – 3
•    Кавадарци – 2
•    Гостивар – 1
•    Крива Паланка – 1
•    Струмица – 1
•    Гевгелија – 1
Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.
*Поради технички проблеми со службениот е-меил, оваа порака ја испраќаме од приватниот е-меил.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство