КОРЛЕВСКИ : КОЊАНОВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ ЈА ЗАПИРААТ ИЗГРАДБАТА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО БИТОЛА

0
590

Предмет : Интегрален текст од изјава на Борче Корлевски, советник во Советот на Општина Битола.

Општина Битола го раскинува договорот со изведувачот на работите на детската градинка во поранешната касарна.

ВМРО – ДПМНЕ ја запира изградбата на првата детската градинка која требаше да биде изградена во Битола после 30 години!

Наместо да продолжи таму каде што застана претходната локална самоуправа предводена од СДСМ и коалицијата, ДПМНЕ преку градоначалникот Коњановски ја стопира изградбата на градинката која требаше да згрижува 160 деца!

Покрај Општина Битола, половина од парите за изградба на градинката во касарната ги обезбеди германската компанија Кромберг и Шуберт. ДПМНЕ преку градоначалникот Тони Коњановски го презентира своето незнаење да менаџира со општината и ја спречува инвестицијата на германскиот гигант кој вработува над 6.000 битолчани.

Градоначалниче Коњановски, дали ја стопирате изградбата на градинката само заради тоа што проектот го започна претходната локална власт од СДСМ?

Дали партиската агенда што ви ја диктираат од штабот на ВМРО – ДПМНЕ во Битола и од Белата палата се повредни од децата и родителите кои се на листите на чекање за сместување во градинка?

Градоначалниче Коњановски, поминаа шест месеци во кои битолчани не видоа апсолутно ништо од Вашите ветувања! За се што не можете, не знаете, не сакате да сработите виновна ви е владата и СДСМ.

Престанете вие и ДПМНЕ да се однесувате како опозиција во Битола и сработете барем нешто од готовите проекти што ги остави СДСМ.

Битолчани ве избраа за градоначалник, а не за маскота на градот.

Така и однесувајте се !