Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

КООРДИНИРАНА АКЦИЈА НА БЈБ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛНА ТРГОВИЈА СО ДРОГА, ИЗВРШЕНИ ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ВЕЛЕС

Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Велес, во координација со јавен обвинител, на подрачјето на Велес спроведоа заедничка и координирана истрага против лица за кои постојат информации дека се инволвирани во случајот на купопродажба на еден килограм кокаин, кој беше запленет на 29.11.2024 и за кој СВР Велес поднесе кривична пријава против три лица.

Како дел од истрагата, денеска (11.06.2025), со наредби од Основен суд Велес, беа извршени претреси на повеќе локации во Велес и велешко. Претреси беа извршени во куќата на А.В.(53) во Велес, во куќата. станот и викенд куќата на лицето С.С.(47) во Велес и Чашка, во куќа и плац на А.Ц.(29) во Велес и во станот на В.Л.(41) во Велес.

За време на претресите биле пронајдени и одземени кокаин, околу 37000 евра, дигитална вага со остатоци од кокаин, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Исто така, во текот на денот СВР Велес ќе поднесе кривична пријава против уште едно лице по член 215 од Кривичниот законик.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ