КОНЕЧНО УБАВИ ВЕСТИ ОД СВЕТОТ : Пронајдено „човечко“ антитело што го спречува влезот на коронавирусот во телото

0
282

Надоградувајќи ги истражувањата на антителата кои што го ‘погодуваат’ Ковид-19, научниците идентификувале едно антитело кое што успешно го блокира вирусот – предизвикувачот на глобалната пандемија.

Тим научници открил антитело кое што го спречува новиот коронавирус во заразата на човечките станици, во револуционерното истражување кое што може да доведе до развој на нови лекови.

Надоградувајќи ги веќе постоечките истражувања за Ковид-19, научниците од Универзитетот во Холандија, Центар „Erasmus Medical“, идентификувале потенцијална метода за неутрализирање на болеста Ковид-19.

Тие откриле дека антителото кое што го пречува Ковид-19 вирусот влегува во човечките станици и исто така може да го блокира самиот вирус.

Нивното истражување било објавено во научното списание „Nature Sommunications“.

Тие тестирале колекција антитела на поедини човечки станици и откриле дека едно од нив кое што се врзува на дел од вирусот е присутно и во SARS и во SARS-CoV-2.

Ова откритие би можело да го понуди првиот чекор кон развивање на лек со антитела за лечење и спречување на развој на Ковид-19.

„Неутрализирачкото антитело има потенцијал да го запре текот на инфекцијата кај заразена личност, да го исчисти вирусот или пак да заштити незаразена личност која што ќе се најде на изложување на самиот вирус“ – појаснува д-р Баренд Јан Босч, коавтор на споменатото истражување.

„Антителото користено во ова истражување во целост е човечко, што овозможува да се развие лек и да се намалат потенцијалните нус-појави поврзани со имунитетот“ – вели д-р Франк Гросвелд, исто така коавтор на истражувањето.

Разликата помеѓу целосно човечко антитело и другите антитела е во тоа што конвенционалните антитела прво се создаваат во други видови, пред да се ‘хуманизираат’, за потоа да можат да се пренесат и на човекот.