КОНЕЧНО ПОЗНАТ НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА ТОПЛАНАТА СЕВЕР – ФИРМА ЗА МАРКЕТИНГ Е НОВИОТ ГАЗДА КОЈ ПЛАТИ 350 ИЛЈАДИ ЕВРА, ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

0
77

„Орбита ИНВ” ДООЕЛ Скопје, фирма за маркетинг, е новиот сопственик на Топланата Скопје Север, пишува Телма.

Нејзин сопственик и директор е Ајри Шеј. Компанијата е формирана во 2005-тата година, со основачки влог од над 76.000 евра.

Според податоците на бизнис мрежа, Орбита ИНВ се јавува како сопственик на уште три компании регистрирани во земјава, заедно со бизнисменот од Албанија, Глигор Јоти за кого неодамна имаше написи во медиумите дека е контроверзен поради сомнителни јавни набавки во државава и во Албанија.Едната од фирмите – „ИТД Дистрибуција“ има неколку тендери со државни институции за канцелриски материјали, втората и третата компанија „Инфософт Системс“ и „ЦПП Услуги ДОО Скопје“ склучиле договори, исто така, со државни институции во земјава за одржување на софтвери и сајбер безбедност.