Конечно по речиси 10 години пљачка на наивни паталци кои наседнаа на ветувањата на Зоран Витанов дека можат да станат милионери без многу мака и без речиси никаков ризик, знаења, вештини, туку со проста и лесна работа која барала само храброст и малку свест, и откако не им се остварија ветувањата за брдо пари кои ќе им дошле на сметка, и откако останаа без своите заштеди или уште полошо земаа кредити во банки и му ги дадоа парите за тој да им ги оплоди преку разни облаци токени дрн дрн приказни, конечно оштетените го возвраќаат ударот и го тужат Зоран Витанов и неговата Лајконет која е забранета во речиси цела Европа. Но секогаш има нови овци за стрижење се додека сите не се освестат, овие денови Витанов се фали дека организира конференции во Србија…
Ова подолу е текст објавен во фејсбук групата ЖРТВИ НА ЗОРАН ВИТАНОВ:
Јас Денис Абдуловски бивш Луконет маркетер и К4 организирав адвокатска комора за оваа колективна тужба против лицето Зоран Витанов.Каде пред недела дена кога целата вистина му ја преснав во лице, добив закани и повик од “лидеров наш” дека заради тоа што ја искоментирав вистината ќе бидам тужен од негова страна за ”Клевета” и дека ќе сум запамтел кој е Зоран Витанов и дека ќе ми го зацрнел животот и што уште не бла бла бла.
И ми потенцира да не го бришам коментарот бидејќи тоа ќе му служело за на суд. Океј му кажав нема проблем, не избришав ништо туку одговорив со screen shot дека ми се јавува по телефон и ми бара лични податоци и дека сега јас ќе го тужам него. После мојот коментар го фати паника и после една минута сѐ беше избришано од негова страна и бев блокиран од секаде.Со тоа покажа дека блефира и дека бега од вистината и сеуште продолжува СВЕСНО да ги лаже луѓето и заканува на сите страни. Од повикот на неговиот адвокат нема ништо. Дали Хуберт е чист незнам.
Но, Зоран сѐ што има ВЕТЕНО во сите овие години, ниту еден датум не е погоден и СИТЕ видеа од бизнис инфата во ХИПЕРИУМ ГИ НЕМА ОД НА YOUTUBE. Јас имам видео и аудио материјали од ветувањата. Но, сѐ што имате и вие испратетеми, особено од бизнис инфата во хипериум.
Имам во овој момент повеќе од 100 луѓе, Но барам и од вас сите да ми се приклучите и да излези правдата на виделина и плус да спасиме уште илјадници луѓе од овај ИЗМАМНИК. Сите ќе имате право да си ги барате изгубените пари назад. Јас лично имам инвестирано над 50.000€ и уште толку ќе дадам за на суд, а заканите неможам да му ги простам бидејќи навистина овај пат го згреши човекот. За повеќе инфо пишете ми во порака…
Зоран Витанов и неговата ЛАЈКОНЕТ која е оригинално од Австрија и спаѓа во типот на бизнис компании кои се наречени МУЛТИ ЛЕВЕЛ МАРКЕТИНГ а во основа се работи за пирамидални шеми кои на крај ги мамат широките народни маси кои се без бизнис знаења и искуство но сакаат да дојдат до големи заработки но за жал нивната желба и немање на бизнис знаење е искористено и парите им се буквално украдени но со тоа што тие самите им ги даваат на овие измамници со надеж дека ќе им се вратат со голема заработка.
Од друга страна, таквите како Витанов се штитат дека тие немале потпишано никаков договор туку секоја инвестиција е одговорност на тој што инвестира, они се бранат по логиката на берзите, таму некој добива а некој губи…
Со тоа што МУЛТИ ЛЕВЕЛ МАРКЕТИНГ компаниите се сепак забранети и нелегални, тоа се измамнички шеми каде главните приходи се од шурење на новите жртви и тоа трае се додека има жртви, кога ќе снема целата мрежа се рапсаѓа како кула од карти затоа што фирмата нема реален приход барем не во доволна мера за да се одржи без да има нови жртви кои ќе инјектираат големи суми на пари кои потоа се делат само на 1% од главните во шемата.
Треба да си психопат да мамиш луѓе и да ги носиш на раб на финансиска колапс, тие луѓе имаат деца и тие деца ќе останат без станови без пари за облека и храна додека овие измамници секој ден се сликаат по хотели во Монако, навистина се монструми и касапи без грам емпатија за луѓето, прави психопати.
Но последиците од овие измани на луѓе како Витанов не се само тоа што многу луѓе ќе завршат на питачки стап и ќе заглават со кредити и ќе ги изгубат парите за кои работеле по 10 до 20 години на бродови или на нафтени платформи или возеле камиони сами осамени по патиштата низ Европа и светот. Проблемот и последиците се повеќекратни. Имено овие луѓе се вечно осакатени и веќе никогаш нема да соберат храброст да се бават пак со бизнис и вечно ќе работат за друг за некоја бедна плата со што вечно ќе останат сиромашни.
Второ, тие околу нив деца, браќа, роднини исто така ќе имаат траума од сопствен бизнис и тие ќе завршат вечно на каса во некој маркет или таксисти за бедна плата.
И трето, државата на крај ќе мора да воведе регулатива за овие вакви измами за да го заштити народот од вакви психопати а тоа секогаш е на крај неповолно за економијата затоа што секоја нова регулатива го прави потешко водењето бизнис, нешто што пред 100 години било многу просто, значи земаш отвораш дуќан и почнуваш да продаваш нешто за кеш, сега ти треба разни каси, стандарди, правила, мерки, буквално како да ќе отвораш нуклеарна централа, но сето тоа е поради вакви ѓубриња кои уназад 100 години на народот му ги краделе парите со разни пирамидални шеми било да се банки, лажни лекови, наречени змиско масло, разни измами со станови кои не постојат итн итн…