КОНЕЧНО НАЈДЕНА ЧАНТАТА ЛУЈ ВИТОН СО 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Русковска покажа фотографија со рачки од торба за која рече дека е „Луј Витон” на тросед за кој тврди дека е во домот на родителите на Боки 13

0
554

За тврдењата на Јовановски дека никогаш не ја допрел торбата „Луј Витон” со наводни евра, Русковска прикажа фотографија од мобилен телефон, со тросед, скрстени нозе на човек седнат на троседот и предмет за кој таа рече: „Еве ја торбата ‘Луј Витон’. Еве ја, завршила во домот на родителите на Бојан Јовановски”.

Одбраната реагираше за фотографијата, бидејќи во завршни зборови не се изведуваат нови докази, а судијката се согласи и кажа дека фотографијата нема да биде земена предвид.

Судењето продолжува на 1 јуни со завршните зборови на Јовановски и на Јанева.