КОНЕЧНА ОДЛУКА ВО ДУИ – Законот за албанскиот јазик помина кај раководството на ДУИ, верификување на потписите за нова влада со СДСМ во најскоро можен рок

0
3987

Централното претседателство на ДУИ го овластило лидерот на партијата да има мандат во секој момент да донесе одлука за потписите на пратениците на ДУИ за поддршка на Зоран Заев да го земе мандатот од шефот на државата, потврдуваат високи партиски функционери за ТВ 24.

Во однос на законот за употреба на јазиците, истите извори брифираат дека   членовите на ДУИ по повеќе од седум часовна дебата дале поддршка за законот,но и ги овластиле преговарачите да ги допрецизираат малкуте незавршени делови во него со тимот на СДСМ.

Од ДУИ не сакаат да откријат детали, што значи овластувањето за лидерот и кога може да се очекува Ахмети да ја донесе конечната одлука, особено по најавата дека состанокот на ЦП продолжува в петок.