Коневски до Мицкоски: Наместо да ме клеветите за да ми се одмаздите за критиките, пакувајте се, што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку подобро за ВМРО-ДПМНЕ

0
329
Откако Ивица Коневски, член на ВМРО-ДПМНЕ, јавно изјави дека е време за промена во партијата, со зајадлива реакција се јави Димче Арсовски портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Добро е што Коневски излезе со став, инаку сликата на печалбар од ВМРО-ДПМНЕ не би била потполна. Очигледно адвокатурата му иде толку лошо, што сега има желба да менува професија и да се враќа во политика, каде што пак последните години од кариера му идеше ушто полошо од адвокатурата сега, напиша Арсовски.

На ваквата реакција, пак му возврати Коневски.

-Мицкоски, по твоето огласување преку официјалниот портпарол, станува јасно каков човек ја води партијата.

По мојот изнесен став, ти го тераш портпаролот да пишува ниски лаги и клевети за мене.

Со тоа само потврдуваш дека ти и твојот тим немате капацитет да се справите со искрените критики, упатени за доброто на ВМРО-ДПМНЕ.

Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на државата, напиша Коневски.

Претходно Коневски излезе со критика кон Мицковски:

Крајно време е за промени во ВМРО-ДПМНЕ. Ова уште еднаш го потврдија последните парламентарни избори, вели Ивица Коневски, член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник за град Скопје на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имала свој препознатлив печат, кој за жал изминатите неколку години избледе. Но, и покрај сите премрежија, кај многумина од нас не избледе искрената желба партијата да се врати на својот вистински пат, да ги следи современите текови и повторно да стане делотворен чинител во ова општество. ВМРО-ДПМНЕ тоа го има, го може и знам дека ќе успее пак да се издигне на пиедесталот, онаму каде што припаѓа, на првото место. Доаѓаат подобри времиња“, вели Коневски.