КОНДОВСКИ ИЗРАЗИ БЛАГОДАРНОСТ ЗА НАГРАДАТА : НЕ МИ Е ТЕШКО ДА ВЕТАМ, ЗАТОА ШТО И ИСПОЛНУВАМ

0
338

Бизнисменот од областа на осигурувањето Христо Кондовски, кој е кандидат за градоначалник на СДСМ за Битола, изрази благодарност на признанието во рамките на „Најуспешни во областа на земјоделството за 2021“ во соработка со земјоделската платформа „Агротим“.

На манифестацијата присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и голем број соработници.

– Многу ми е значајна оваа награда затоа што е детектиран придонесот и на нашата компанија СН Осигурителен брокер. Потекнувам од семејство каде минатите генерации се занимавале со земјоделие. Точно знам колку е тешко да се работи со земјоделие, заради што често ја користиме флоскулата „фирма на отворено“ во која се работи буквално со неизвесност и на удар од различни непогоди. Земјоделецот спие со едното око отворено. Затоа навистина треба да ги цениме неговите напори – рече тој.

Тој се осврна на почетоците од неговата кариера во 2008 година во „Вардар Осигурување“ кога на колегиум спомнал и за осигурување на земјоделието, по што му рекле дека тоа е исклучително тешка област и дека земјоделците се соочуваат со штети.

– Тогаш почуствував дека токму во таа област треба да се фатам во костец со осигурувањето и да ги креирам своите компаративни предности. Токму тоа и се случи. Од 2008 година, па наваму го афирмирам осигурувањето на земјоделието. Од 2014 година со колегите во СН Осигурителен брокер активно работиме во земјоделието. Ние влегуваме онаму каде што другите не сакаат, односно сме вистински партнери на земјоделците. Сите се плашат да осигуруваат во областа на земјоделието, ние не се плашиме. Партнерскиот и отворениот пристап ќе продолжат и во иднина. Така како што ги отворам и решавам проблемите во приватниот сектор, така ќе пристапам и во Општина Битола. Не се плашам да ветам. Тоа е моето мото. Зошто знам дека тоа што го ветувам го исполнувам – рече Кондовски.