Компјутерскиот систем на СДСМ не е хакиран, „бомбите“ се безбедни

0
563

Не е точно тврдењето на одредени портали дека групата „Македонски анонимуси“, која најави контра-кампања против лидерот Зоран Заев. Тие тврдеа дека групата го хакирала компјутерскиот систем на СДСМ, објави Плусинфо.

sdsm-1

Не точно и тврдењето дека СДСМ во полиција пријавила хакерски напад од оваа група.

– Нам ни се познати активностите на оваа група и очекуваме наскоро тие да објавуваат валканици и глупости. Но, материјалот што го поседуваме за криминалите на власта е на безбедно и не сме имале потреба да пријавуваме било што во полиција. Тие работи се комплетно неточни – изјави вечерва за Плусинфо извор од раководството на СДСМ.