КОМПАНИЈАТА GLOBAL GAMING ОД СКОПЈЕ ДОНИРА 4.000 ШИШИЊА ФЛАШИРАНА ВОДА НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД

0
719

Компанијата GLOBAL GAMING односно Winner Slot Casino од Скопје во соработка со Inter Lux Trade од Скопје на Градоначалникот на општина Македонски Брод му предадоа донација од 4.000 шишиња вода за пиење.

Водата е наменета за најодговорните институции кои секојдневно и храбро се вклучени во борбата против глобалната пандемија предизвикана од корона вирусот, здравствениот дом, јавното комунално претпријатие, против пожарната територијална единица, органот за внатрешни работи како и центарот за социјални работи на Општина Македонски Брод.

Во име на општината и споменатите институции голема благодарност за донацијата изрази Градоначалникот и претседател на Општинскиот Кризен штаб Живко Силјаноски.