Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

КОМПАНИЈАТА ,,РАМБЛ” НА КРИС ПАВЛОВСКИ ОТВОРИ ПРЕТСТАВНИШТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Компанијата на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, отвори подружница во Македонија. „Рамбл клауд“ е регистрирана на адреса во центарот на Скопје, а нејзини управители се самиот Павловски и Брандон Александрофф, пишува „Призма“.

Павловски важи за човек близок до актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Неговата видео-платформа Рамбл постои од 2013 година, но популарност доби во последниве години, рекламирајќи се како виртуелен простор имун на кансел културата и на цензура.

На социјалните мрежи често споделува фотографии на кои е во друштво со Трамп, неговото семејство, со Елон Маск или музичарот Кид Рок…

Деновиве и портпаролката на Трамп, Керолајн Ливит му даде почесно место. Го покани Павловски да ја отвори прес-конференцијата во Белата Куќа на којa пак, тој се пожали дека Рамбл бил жртва на цензура од повеќе странски влади.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРЕГАЗЕНИ ЖЕНА И ДЕТЕ НА ВЕЛОСИПЕД НА ПЕШАЧКИ НА ПАРТИЗАНСКА

Попладнево се случи нова сообраќајка во Скопје. Според првичните...

ХОРОР ВО ВОЛКОВО : КИРАЏИЈА ГО УБИЛ ГАЗДАТА, ГО ЗАСТРЕЛАЛ НЕГОВИОТ СИН А ПОТОА СЕ САМОУБИЛ

Според нашите извори, непосредно по пукањето, убиецот си го...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ