Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

КОМОРАТА НА ИЗВРШИТЕЛИ ГО ОСУДУВА ПОПРЕЧУВАЊЕТО НА ИЗВРШУВАЊЕТО СПРОВЕДЕНО ОД ИЗВРШИТЕЛКАТА ЈАКИМОВСКА ОД ГОСТИВАР, НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ ИЗВРШИЛ НЕЗАКОНСКО СНИМАЊЕ

Комората на извршители на Република Северна Македонија најостро го осудува попречување на спроведување на извршувањето спроведено од извршителката Весна Јакимовска од Гостивар.

Превземањето на дејствија во домот на должникот се врши почитувајќи ја личноста и достоинството на должникот и неговото семејство па од таа причина јавноста е исклучена од постапките на извршувањето согласно обврската за извршителска тајна.

Комората ќе ги искористи сите законски средства за да се побара одговорност за недозволеното и незаконито снимање на дејствијата кои ги презема извршителот со цел реализирање на судска одлука за наплата на долг. Потсетуваме дека попречувањето при вршење на службата на извршителот е кривично дело, за кое МВР и обвинителството имаат обврска да постапуваат по службена должност.

Воедно, согласно чл.85 од Законот за извршување извршителот е овластен да го отстрани лицето кое го попречува спроведувањето на извршувањето и да побара асистенција од полиција. Комората на извршители ги повикува надлежните институции за брза и ефикасна истрага се со цел целосно расчистување на случајот и правилно информирање на јавноста.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛИПЧЕ: МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ