КОМИЧНА ПОЕНТА НА ВАСКО ЕФТОВ : НЕКОЈ САКАЛ ДА ГО ЛИКВИДИРА МИЦКОВСКИ, НЕКОЈ КРИМИНАЛЕН КЛАН КОЈ ПРАВИ СТОТИЦИ МИЛИЈАРДИ НЕМА ПОПАМЕТНА РАБОТА ЌЕ ОДИ ДА СЕ ЗАКАНУВА НА МИЦКОВСКИ, И ОВА НЕКОЈ ТРЕБА ДА ГО СФАТИ СЕРИОЗНО ДЕКА Е БИТНА ЛИЧНОСТ, БИДЕЈЌИ НЕГО МОЖЕ ДА МУ СЕ ЗАКАНУВА САМО НЕГОВАТА СОПРУГА!

0
232

Некој му се заканувал на Христијан Мицковски, сакал да го ликвидира него и неговото семејство. А и на Александар Николовски му се заканувале, ама него малку помалку му се заканувале. Зошто му се заканувале или зошто им се заканувале бидејќи ја извадиле аферата со фалсификат пасоши.

И некој ќе поверува дека на Христијан Мицковски некој криминален клан кој прави стотици милиони, кој прави милијарда долари нема попаметна работа ќе оди да му се заканува на Христијан Мицковски.

Кога некој тоа ќе го каже , некој треба него сериозно да го доживее дека Мицковски е толку битна личност, толку моќна и толку клучна личност па некој него ќе му се заканува со атентат, не само за него туку и за фамилијата, зошто, бидејќи тој вадел афери со што им го нарушувал работењето или им застанувал на патот на големите балкански кланови. Единствен кој може да му се заканува на Мицковски е неговата сопруга, никој друг нити сериозно го третирал нити ќе го третира во наредниот период.

Васко Ефтов во емисијата ,,Во центар”.