КОМИЧНА ИЗЈАВА НА РУСКОВСКА ЗА САШО МИЈАЛКОВ : МУ ОДРЕДИВМЕ КУЌЕМ ПРИТВОР ЗА ДА СЕ ПРЕДАДЕ

0
679

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во поткастот на ИРЛ за ланското фамозно исчезнување на поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков во пресрет на изрекувањето на пресудата за случајот „Таргет Тврдина“, рече дека се појавил откако го увериле дека ќе добие само куќен притвор.-Вака течеа работите. Јас бев во канцеларија и ми ѕвони телефонот, гледам Сашо Мијалков и се збунив. Видете, ние се знаеме од 2007, соработувавме бидејќи тој беше директор – соработувавме и со директорот на БЈБ и со директорот на УБК, имав телефони и од едниот и од другиот.

Се јавив, прво мислев дека некој се шегува нешто – откри Русковска.Откако и се јавил Мијалков, таа за одобрување на поставениот услов го побарала нејзиниот шеф, републичкиот обвинител Љубомир Јовески, кој во моментот бил на тогашниот итен состанок што беше свикан во Владата од поранешниот премиер Зоран Заев за бегството на Мијалков.-Му кажав на Јовески дека ми се јавил Милајков и дека сака да се предаде во ОЈО ГОКК.

И така и се случи. Истражителите што се во обвинителството го чекаа долу. Јас воопшто не се видов со него затоа што обезбедивме просторија на вториот кат и тука се чекаше решението од судот за куќен притвор кој беше услов на Сашо Мијалков – да се предаде и да оди во куќен притвор. Првиот пат му реков јас морам да разговарам со републичкиот обвинител, јас таа одлука не можам сама да ја донесам. И кога ми се јави републичкиот обвинител јас му кажав дека Сашо сака да се предаде и дека услов е да биде во куќен притвор. Републичкиот обвинител се согласи со тоа – рече доскорешната главна обвинителка за организиран криминал.