Во викендот кој следи од 13:00 в сабота Вардар ќе биде домаќин на Шкупи во рамките од 14. коло во македонската прва лига и овој натпревар ќе биде деби заГоце Седлоски на клупата.
Седлоски се враќа во Вардар на местото на Срѓан Захариевски и ќе биде четвртиот тренер од почетокот на сезоната на клупата на црвено-црните. Но, неговото именување за нов стратег предизвика бурни реакции помеѓу навивачката група „Комити“.
Откако денес претходно објавија соопштение во кое јасно порачаа дека не сакаат Седлоски да го води тимот, вечерва се огласија и уште еднаш.
„Седло еве ти ги стварите и марш назад кај другарите“, му порачаа „Комити“ на Седлоски објавувајќи и фотографија со повеќе шалови од навивачката група на Шкупи „Шверцери“.