КОМЕДИЈА ПРИ АКЦИЈА НА МВР : ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ОД АЛБАНИЈА, КОКАИНОТ ОД ПОЛИЦИЈАТА ГО КРИЕЛ ВО ГАЌИТЕ

0
232

На 09.10.2020 околу 17.15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан- Струга запреле возило „голф“ и го привеле Р.К. (23) од Либразд, Албанија, кај кого е пронајдено околу 50 грама кокаин. Р.К. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство.

Како што дознаваме, кокаинот бил сокриен во долната облека на дилерот.