Командант Нато и командант Бегу меѓу убиените во Куманово

0
564

Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО и Бег Ризај, алијас командат Бегу, се меѓу 14-те убиени вооружени лица при акцијата на МВР во Куманово, дознава АЛСАТ М.

nato 1

– Според последните информации кои ги имаме надлежните македонски служби добиле и официјална потврда за нивниот идентитет. Иако се уште се работи на потврдување на идентитетот на останатите загинати и на уапсените од кумановската група, речиси сигурно е дека полицијата ги има живи или мртви сите 5 лица кои важеа за организатори – пренесува Алсат -М.

Според изворите на АЛСАТ М, кај лидерот на групата Мирсад Ндрецај, командант НАТО биле најдени и неговите лични документи. При крај или завршена е и обдукцијата на останатите пронајдени тела. Но не може да се прецизира колку ќе трае процесот и на официјална идентификација.

Од МВР за Алсат  – М изјавиле дека засега не се подготвени да споделат детали.

-„Обдукцијата и идентификацијата на телата се врши по наредба на надлежниот Јавен обвинител и не би можеле да ве информираме за детали околу постапката за идентификација на пронајдените тела … Сомненијата ќе може да ги потврдиме или отфрлиме во оној момент кога ќе заврши целокупната процедура“, рече  Иво Котевски- портпарол на МВР.

АЛСАТ М, вчера ги објави и имињата на 28 лица од 30-те кои и се предадоа на полицијата во Куманово. Со голема доза на извесност може да се тврди дека меѓу нив се и останатите тројца водачи-  Мухамед Красниќи или командант Малишева, Сами Укшини, командант Соколи и Деме Шеху, познат како Јунику. Укшини може и да се види во последното видео од приведувањето кое го објави МВР. Красниќи и Шеху дале лажен идентет. Информацијата, официјално не ни ја потврдија од МВР, бидејќи се уште ја немаат целосно завршена идентификацијата и на уапсените.

Од полицијата, единствената новост која денеска ја споделија со јавноста, е дека дел од уапсените потврдиле дека учествувале и во нападот на полициската станица во Гошинце. Кажале и каде го скриле украденото оружје во околината на селото Брест. По извршените претреси, на отворен простор, пронајдени се 61 парче автоматско оружје и 8 сандаци муниција.