КОМАНДАНТ ЗИМБЕРИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК : ОВА Е САМИОТ ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА РЕЖИМОТ КОЈ ПРЕКУ СИЛА САКА ДА СИ ГО ШТИТИ СОПСТВЕНИОТ ГАЗ!

0
858

Ваквото идиотско однесување на власта кон луѓето кои сакаа само да протестираат за она што го слушнаа за убиството на младото убиено момче што во една држава е многу нормално. Но е многу ненормално да се интервенира на таков насилнички стил на диктатор кој сака да си го штити газот ставајќи ги во ризик и полицајците кој се за заштита на народот а не на диктаторот и од друга страна да си го тепа народот за да го научи да ќути. Е нема повеќе да се ќути, доста е ќутење.

zymberi

Низ овие тешки години ќутевме, трпевме све и свашта, не украдовте, не убивте, ни монтиравте разни случаи и ги полнивте затворите со невини луѓе, ни ги тепавте децата по автобуси, ни го потценувавте куранот низ карневали, праќавте националистички пароли низ спортските утакмици, ни ја испразнивте државата иселувајќи го народот од Македонија на секаде низ светот. На крај му го свртивте грбот и на својот народ. Е тука е веќе крајот, народот конечно свати дека Албанците и Македонците не се криви за ништо, тие можат да живеат одлично, едни покрај другите и дека режимот е тој кој заслужува да биде казнет.

Иако последно време сакаше пак да ни местиш меѓу етнички конфликт но не ти успеа што нема да му успее на ниедна идна вллада. На 17  Мај сите заедно ќе излеземе мирно да протестираме, се надевам дека денеска само еден полицаец премина кај народот а на 17-ти Мај сите полицајци ќе бидат на страна на народот. Македонија во 1990 ја имаше шансата да биде демократска держава на сите граѓани но не го направи тоа, Албанците тогаш им пружа рака на Македонија што потоа нисе врати со лошо а тоа доведе и до конфликтот, Албанците и тука прифатија договор кој не беше почитуван до сега, е сега на Македонија му е трета и последнта шанса да опстане како држава, држава во која ќе биде прифатен граѓанскиот концепт, во кој сите ќе се чувствуваат еднакви пред уставот и законите.

Сите сме луѓе и сите ги имаме истите потреби. Сега е шанса сите заедно да градиме нова држава со нови демократски вредности. Само заедно и рамноправни е единствениот спас на државата, додека секој друг правец води кон конфликти, сиромаштија, и пропаст.

Со господ напред одиме кон победа.

Фејсбук статус на Абедин Зимбери – поранешен командант на УЧК