КОЛКУ ЛИ САМО ИМ ГИ ИСТЕГНАА УШИТЕ АМЕРИКАНЦИТЕ – ОСМАНИ ПАК РЕТЕРИРА ПО ВТОР ПАТ: Преговорите за влада ќе се водат во Собранието, нема потреба Ахмети да тропа на Бихаќска или Заев во Мала Речица

0
969

Вицепремиерот за европски прашања во заминување и портпарол на ДУИ Бујар Османи во интервју за Топ Тема рече дека преговорите за новата влада очекува да се водат во Собранието и оттука не е прашање кој кому ќе тропне на врата дали Ахмети ќе тропне на Бихаќска или во Белиот дворец или Заев во Мала Речица.

– Би било добро веднаш да се постигне коалициски договор и да се избере претседател на Собранието. Во Собранието е местото за разговари, нема потреба кој каде да тропа – рече Османи.

Според нег, по конститутивната седница на Собранието, во тие десет дена кој ќе го информира претседателот на државата дека има мнозинство тој го добива мандатот.

– Ако во тие десет дена никодо претседателот на државата не достави мнозинство тогаш сметам дека претседателот го дава мандатот на партијата која освоила најмногу пратеници. Коалицијата која ќе го избере претседателот на Собранието автоматски го информира претседателот на државата дека има мнозинство за да го добие мандатот – вели Османи.

Тој повтори дека црвените линии на ДУИ во преговорите за новата влада се трите договори.

– Влезен билет за преговори со нас се трите договори, затоа што ние така се поставивме во текот на кампањата, дека ДУИ е гарант на трите договори. Јас тоа го нарекувам чувар на трите договори – рече Османи и додаде:

– Многу е важно да имаме гаранција деката таа партија со која ќе влеземе во разговори прво треба да ја реши таа дилема во однос на трите договори. После тоа ќе влеземе со амбицијата за нашиот кандидат за премиер Албанец, другите ќе влезат со нивните кандидати и после тоа ќе видиме како ќе се договориме согласно аргументите што ги имаме на маса –  изјави Османи.

Тој повтори дека би сакале да продолжат во коалиција со СДСМ, што го кажале и пред изборите.