Колев : Жалам, но во Куба нема да можат да го прочитаат „другарот” Апасиев!

0
118

Петар Колев лидерот на  Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) изрази жалење бидејќи пораката која лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја има напишано и се споредува со Фидел Кастро нема да може да се прочита во Куба.

„1 час интернет во Куба чини еден долар. Со оглед на тоа дека просечната плата во земјата изнесува 50 долари (околу 2500 денари) „сурфањето“ е луксуз кој не може да си го дозволат поголемиот дел од граѓаните.„Жалам, но во Куба нема да можат да го прочитаат „другарот” Апасиев!, напиша Колев.

Левица во новиот состав има два пратеника.

Апасиев деновиве ја опцу министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска. 

Денеска се јави со нов пост во кој кажува став на починатиот кубански револуционер – дека не треба да се коалицира со партии кои имаат дамки во своето работење, бидејќи тоа ја разводенува идеологијата.

Значи ли ова дека Апасиев најавува дека нема да влезе во коалиција со ниту една од партиите кои преговараат да формираат влада, со што всушност двата пратеника на Левица ќе делуваат како опозиција.