КОЛЕВА – ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ : СО 32,5 ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ ПОДДРЖУВА 66 ПРОЕКТИ ВО 44 ОПШТИНИ

0
437

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Почитувани граѓани,

За СДСМ приоритет број еден се граѓаните и Владата предводена од СДСМ на дело го покажува тоа.

Со 32,5 милиони евра Владата предводена од СДСМ дава поддршка за 66 проекти во 44 општини.

Без разлика на тоа од кои партии доаѓаат градоначалниците, поддршката се однесува за проекти и развој на сите општини.

Пратениците на СДСМ и мнозинството веќе дадоа поддршка за амандманите за овие проекти.

На овој начин сите 44 градоначалници од сите партии добиваат финансиски средства за реализација на проектите кои што ги има и кои што значат подобро живеење на граѓаните.

Градоначалниците од скоро сите општини во државата вчера ги видовме во Владата како ги потпишуваат договорите за реализација на овие проекти од локален интерес.

Се работи за проекти за реконструкција на улици и локални патишта, изградба и реконструкција на училишта и на градинки, здравствени установи, спортски сали, домови за култура, пречистителни станици, мостови, спортски сали, пречистителни станици, мостови   и други проекти.

Во најголем дел од државата проектите се подготвени со документација од минатата локална власт на СДСМ, со што веднаш може да се отпочне со работа.

Дел од проектите се наменети за реконструкција и изградба на училишта и спортски сали во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Охрид.

4 милиони евра  се за проекти за изградба и реконструкција на  градинки, во општините Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел, Карпош и Кисела Вода.

Ова се проекти што значат подобрување на условите за згрижување на децата од предучилишна возраст, во овие општини.

16,2 милиони евра се за проекти за изградби, реконструкции и асфалтирања на улици и локални патишта и мостови, во повеќе општини: Битола, Богданци, Боговиње, Гостивар, Дебар, Делчево, Желино, Илинден, Јегуновце, Карпош, Кичево, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Пехчево, Пробиштип, Сарај, Скопје, Старо Нагоричане, Теарце, Општина Центар, Чашка и Крива Паланка.

3 милиони евра се за проекти од областа за животната средина, во Валандово, Прилеп, Берово, Чучер Сандево и во Пласница.

Над 1,8 милиони евра за  изградба на спортски сали, терени, урбани опреми во општините Штип, Велес и Ѓорче Петров.

Ова е континуитет на политиките на СДСМ.

Преку програмата ТАВ обезбедивме реализација на вкупно 94 инфраструктурни проекти во целата држава со вкупна вредност од 50 милиони евра.

Преку буџетските Програми за рамномерен регионален развој во 2023 година финансиравме 135 проекти во општините и во планските региони, во вредност од над 14 милиони евра.

Тоа е пример дека за нас граѓаните се на прво место. Тоа е повеќе за сите.