Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

КОЛЕВА: ВЛАСТА НАЈСУРОВО ГО ОСИРОМАШУВА НАРОДОТ, БЕЗМИСЛОСНО УДРИ ПО СТАНДАРДОТ И ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Граѓаните се излажани од ВМРО-ДПМНЕ и ова власт како намерно да работи на тоа да го осиромашува народот. Се што прави власта е удирање по стандардот и џебот на граѓаните, најсурово и безмилосно, и во време на оваа огромна инфлација, власта не знае како да се справи со тоа, рече претседателката Форум на жени на СДСМ, Даниела Колева, во дебатна емисија „24 анализа.“
Таа се осврна на моментална ситуација со која се справуваат граѓаните, зголемените цени и намалениот стандард на граѓаните, кој не можат да врзат крај со крај, благодарение на лошите мерки и политики кои ги спроведува власта.
– Граѓаните гледаат дека се многу излажани од оваа власт, која се што сега прави е само намалување на стандардот и удирање врз џебот на граѓаните, како и огромната инфлација со којашто не знаат да се справат. Во 2020 година кога СДСМ беше на власт имаше, ковид, енергетска и економска криза, но растот на плати почна три години претходно, а во време на сите овие кризи растот на платите продолжи. За 7 години платите се покачени од 80 до 100 проценти во одредени сектори. А, сега што имаме? Сега имаме носење на мерки, кошнички без никаква анализа и, без никаква предвидливост која, доведе до тоа синдикална кошничка од 60. илјади денари да се зголеми на 63.000 денари. Колку минимални плати се тоа? Три минимални плати. Власта нека ги праша луѓето којшто земаат минимална плата како издржуваат. Оние кои имаат студенти дома, или оние кои треба да се лекуваат, или како луѓето да ги задоволат најосновните потреби за живот? И на сето ова нема зголемување на платите, ама затоа имаме покачена струја и парно. Во централен регистар следиме дека за 70 посто се зголемени трошоците, придонесите се качени, односно на секој трошок што го има еден граѓанин, има покачување, рече Колева.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ