КОЛАТА НА МАФИЈАТА ТРГНА ПО УДОЛНИНА, СЕГА НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ЈА СПРЕЧИ : Човекот на Грујо во Австралија уапсен за дрога и други тешки криминали!

0
3137

Борис Трајков, Македонец кој живее и работи во Мелбурн и кој беше награден со Орден на Австралија за заслуги на македонската заедница е обвинет за сериозни кривични дела поврзани со дрога како и за милиони долари исчезнати од добротворна организација која што ја помагал пишува Австралискиот медиум, пренсува порталот „Фаланга“.

Борис Трајков, поранешен новинар во СБС радиото беше следен од ASIO во 1960-тите и 70-тите поради неговите блиски врски со југословенските дипломати, тој беше уапсен во јануари за наводно одгледување на канабис. Исто така се товари дека крадел електрична енергија додека бил на слобода со кауција. Судски документи со кои располага, исто така, покажуваат дека против Трајков, 76, се води дело во судот во врска со $ 3,5 милиони кои се водат за исчезнати од добротворната организација на која што тој бил ко-основач и управител за повеќе од две децении.

Викториската Мултиетничка славјанска добротворна асоцијација, работеше како теренски волонтерскиот сервис за стари лица, мигранти од поранешна Југославија, додека не отиде во ликвидација поради неплатени долгови. Здружението, исто така управуваше и со центар за детска грижа во предградие на Lalor, во северниот дел на Мелбурн.

Целиот текст ОВДЕ