Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

Кои се странските служби!?

Цело време сакаат да не убедат дека тоа што го гледаме е дело на странските служби.

Интересно, што тие “странски служби“ многу ни помагале нас. Не спасуваат од спрегите на домашната мафија; не спасуваат од општ грабеж, криминал и корупција во државата; не спасуваат од рекетирања и перење пари; ни укажуваат дека некој со години не лаже со неговите корумпирани телевизии; дека власта не гази, не затвора кога сака и како сака; дека уривала корисно а градела некорисно.

Mersel-Bilali-kolumni

Изгледа тие служби сакаат да ни ја вратат слободата, да ни ја вратат иднината, да ни го вратат достоинството, да ни ја вратат вистината, да ни ги отворат очите, да ни ги спасат децата, да ни укажат дека државата ни е киднапирана од група луѓе! Се на се, сакаат да ни го вратат човечкото во нас.

Па тие служби заслужуваат почит, ако воопшто ги има! Па вреди споменик да им дигнеме! Па тие странси служби биле вистински домашни служби!

Добро виделе дека власта ја разбрала политиката како поле за натпревар во што поголемо зло. Љубовта кон туѓите пари ги натерала на толкава омраза. Можеби некој од врвот сега се чувствува “загрозен“. Наводно била разнишена безбедноста во државата. Па нели сега гледаме дека се работи за некаква безбедност, ама не на државата, туку на шака луѓе или нелуѓе, оти таков систем само ним им обезбедил безбедност. Дури и да се работеше за нормална власт, па овци ли чувале тие додека некој да им влегол во системот!? Но, тоа е само желба за да се дефокусира и давалвира вистинскиот проблем, и да не гледаат гнасните работи во тие снимки. Велат дека се уривал правниот поредок! Ама ова што го гледаме веќе не наликува на правен поредок, туку на систем на (не)организирана колумбиска банда! Сега е вистина дека власта е загрозена ама се спасуваат луѓето. Но, многу е чудно како тие странски служби си се снимеле самите себе!!!?

Формулата е јасна, веројатно некој што бил вработен во тие служби сакал да се поштеди од кривично гонење, оти знаел дека ако не го пријавите конкретното кривично дело, самите правите кривично дело, дури и кога ќе ве наведат на тоа со наредба. И гледајте – тоа се викало ПУЧ!!! Со нормална власт сега веќе три години ќе бевме членка на ЕУ, со сериозна економија и стабилен стандард. А не доведоа во друштво со Таџикистан и Конго. Нè оцрниле и брукале пред цел свет. Сега сме за срамота и служиме за потсмев. Што е најлошо и сега кога ги брои деновите, и кога сигналот од Брисел и Вашингтон е јасен дека власта треба да се пакува, тие продолжуваат да покажуваат вишок желби, а кусок рационалност.

Заев преку објавувањето на разговорите водени меѓу министри, високи функционери во власта и рента-новинари и сопственици на медиумите, ни дава до знаење како се местат политички процеси, како се перат пари, како се фабрикуваат лаги кои црното ќе го прикажат како бело, пеколот како рај.

А за храброста, јавно треба да му се честита. Само човек кој е посилен од стравот за својата физичка екзекуција може тоа да го направи. Видете што енергија има – кај и да се појави ќе снема струја, интернет, телефони. Не верувам дека желбата за власт му значи повеќе од својот живот. Дефинитивно добиваме лидер по мерка на човек, по мерка на сите нации во државата.
Сега на режимот му е отсвирен крај. Тоа не сака да го слушне само тој што уште го сонува магарешкиот сон. Да имале минимум сенс одамна тивко ќе заминеа, ама останува да виси што толку многу ги спречува да го направат тоа. Секој ден крајот ќе им биде се полош.

Но, сега е многу важно кој ѓе го наследи Груевски во партијата. Во неговиот круг тешко е да се најде човек, оти никој со ниеден збор му се нема спортивставено на лидерот. Бројни вмровци велат дека треба човек надвор од тој круг. Засега се спомнуваат две имиња што може да им ја спасат партијата – Јове Кекеновски и Никола Димитров, кои имаат добра поддршка од запад.
Но, прашање е дали членството ќе реагира на време или ќе доцнат, а партијата ќе им се удави заедно со сегашното раководство. Тие треба да знаат дека ако на шансата не и се даде шанса, не можат да очекуваат ништо. Секому е јасно дека исконската материца на ВМРО-ДПМНЕ е таа на Лубчо Георгиевски, која во целост е уништена. Таквата ВМРО сепак знаеше што се интересите на државата.

Мерсел Билали – професор и политички аналитичар

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ