Кои избори? Правите шега со мене?, со контрапрашање одговара Али Ахмети, лидерот на ДУИ во интервју за Стандард на прашањето на новинарот поврзано со изборите закажани на 5 јуни

0
523

„Кои избори? Правите шега со мене?“, со контрапрашање одговара Али Ахмети, лидерот на ДУИ во интервју за „Стандард“ на прашањето на новинарот поврзано со изборите закажани на 5 јуни и дообјаснува:

„ДУИ сака исполнување на сите критериуми, со цел веродостојноста на изборите да биде призната од сите, и од меѓународната заедница. Ние, четирите партии, решивме да ги одложиме изборите за 5 јуни. Но, сега опозицијата ја оспорува работата на Државната изборна комисија. За земјата не би било добро да се оди на избори без опозиција. ДИК мора да се произнесе околу оправданоста на барањата на опозицијата, а тоа би требало да го коментираат и меѓународните претставници. Во земјата владее хаотична ситуација, управата не функционира, владее општо исчекување.“

Ахмети смета дека Ѓорѓе Иванов, кого го нарекува т.н. претседател, бидејќи не е избран од Албанците, кои од почеток се сомневаат во неговата способност за функцијата, треба да ја повлече неприфатливата одлука за аболиција, спротивна на правната држава.
На прашањето дали четирите партии повторно би се состанале ако Иванов ја повлече амнестијата, Ахмети одговара:

„Решението би било повторен почеток на дијалогот овде во земјата. Државата не треба да се лизне во уште подлабока криза. Се разбира, средбата треба да биде со посредство на амбасадорите на ЕУ и САД, и подобро да биде час поскоро. Ако нема средба заради надминување на кризата, ќе биде тешко.“